Rekanski forum

Rostusa,
Rekanski forum Rekanski forum is one of the popular Motivational Speaker located in ,Rostusa listed under Motivational Speaker in Rostusa ,

Contact Details & Working Hours

More about Rekanski forum

Здраво,
Креирањето на оваа страница е по иницијатива на група млади луѓе од Реканскиот регион.
Поздрав до сите Реканци каде и да се наоѓаат низ светот...
Оваа страница креирана од Реканската младина со една единствена цел:меѓусебен дијалог,споделување и разменување мислења за сe' она што ја тишти, засега Река и Реканскиот регион.
Каква е инфраструктурата и општо животот денес во Реканскиот регион,а како можеби го замислувате во иднина,што би сакале,што би предложиле за наш подобар живот во овој наш непроценлив и во срце врежан роден крај?
Страницава е #НЕ'партиска,наша појдовна точка е дека НЕМА да застапуваме ничија политичка агенда!
Но со оглед на тоа дека политиката ни пркоси во нашиот секојдневен живот нема да бидат изоставени а да не бидат продискутирани и актуелни политички теми.
Страницава е #НЕ'пристрасна кон ниту едно село во Река,не дава предност на ниту едно село спрема друго,независно кое село колкаво е демографски,или географски.
Страницава #НЕ'разделува по никаква разноликост,секој кој има да каже било што од предлог,совет или критика која би довела до подобро наше утре,е добредојден.
Однапред ИМ БЛАГОДАРИМЕ на сите оние кои ќе придонесат да го одржиме и зачуваме овој форум и сите оние кои нема да го уништуваат со невкусни и неетички коментари.
Сега е вистинско време да си помогнеме еден на друг и искрено се надеваме дека ќе ни олесни да си кажеме што и како мислиме, што е подобро за нас а што полошо,да ние Реканците кажеме кои сме,што сме,какви сме,за да не им дозволиме на разни групи или организации да зборат во наше име и да не претставуваат каде ќе им текне и како ќе им текне без наше знаење и дозвола.
Помалку им благодариме на оние кои нема да не поддржат и неосновано ќе не критикуваат :)
Сите оние кои нема пристојно да се однесуваат и ќе користат вулгарен речник,ги замолуваме однапред да не го прават тоа, во спротивно ќе мора да ги отстраниме.
За кои теми ќе се дискутира одбираме СИТЕ заедно,но тие ќе бидат предлагани во inbox а ќе бидат објавувани само од администраторот на оваа страница за да не би настанала конфузија односно кој сака и колку сака да објавува а со крајниот исход да не се постигне никаква цел.
Паралелно може да се дискутира на максимум 3 различни теми, па одкога ќе се сложиме да ставиме крај на една тема од првите 3 ќе може да се отвори 4-та тема, и така натаму :)
Ви благодариме на сите од срце...
#LetTheDiscussionsBegin!!

Map of Rekanski forum